Oдегард можеше да си направи проблем, удри полицаец на прославата (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал вчера низ улиците на Лондон ја прославуваше освоената титула во Премиер лигата на која чекаше 22 години, а еден момент од славјето привлече посебно внимание.

Во главна улога беше Мартин Одегард кој во еден момент од автобусот ја исфрли топката со глава, а таа заврши директно во главата на еден од полицајците кои се грижеа за безбедноста. Норвежанецот веднаш клекна сакајќи да се сокрие од полицискиот службеник.