Македонката Ацевска од денеска е најдобра во џиу-џицу во - цел свет!
Ацевска го презема тронот во категоријата сениори над 70 килограми и зад себе остави 70 борци од 30 различни држави.
Задоволството од успехот на Ацевска не го криеја и од Џиу-џицу федерацијата од каде што порачуваат дека ова е резултат кој доаѓа по многу напорна работа во изминатите 15 години.
„Овој резултат доаѓа после 15 годишна напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу поминати тренинг кампови, многу повреди, преживеани судиски неправди, непреспиени ноќи, финансиски кризи.
Една цела младост…
Овој резултат доаѓа после многу поминати турнири, после многу освоени медали.
Учества и освојување на медали на Светски првенства, учества и освојување на медали на Европски првенства, ГрандПри турнири, Балкански првенства…
Незастануваме тука, ќе се обидеме што подолго да го задржиме првото место. Ова за нас ќе биде голем мотив но и обврска уште појако да го одиме овој пат наречен џиу џица. Тоа е нашата мисија, тоа е нашиот живот“, порачуваат од федерацијата.
фото: Македонска Џиу - Џица Федерација