Срамен грабеж во Србија: Разбојници влегле во домот на Михајловиќ!

Срамен грабеж се случил во Србија каде што разбојници украле вредни спомени од домот на починатиот Синиша Михајловиќ додека неговата мајка спиела. 

Како што пренесуваат српските медиуми ноќта меѓу вторникот и средата засега непознати сторители влегле во куќата на Михајловиќ во Сремска Каменица, каде што живее неговата мајка Викторија.

Додека таа спиела во периодот меѓу два и три часот по полноќ, крадците од домот однеле пари и вредни предмети кои ги пронашле, а истовремено биле украдени и бројни предмети од кариерата на Синиша Михајловиќ со непроценлива вредност.

Треба да се напомене дека во куќата со години неговиот брат Дражен ги собира сите спомени и предмети од кариерата на славниот фудбалер и тренер. Таму се наоѓале дресови, трофеи, фотографии...

Како што наведува „Телеграф“, Дражен Михајловиќ потврдил дека кражбата се случила, но во овој момент поради истрагата не можел да изнесува детали.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)

Фото: Bologna FC