Синер за шокантниот пораз: Загубив сила, не можев ниту да сервирам...
Италијанецот одлично го отвори мечот и ги доби првите два сета со 6-3 и 6-2, а во третиот имаше убедливо водство од 5-1. Сепак, следуваше неверојатен пад во неговата игра, по што Серундоло направи целосен пресврт и славеше со 3-6, 2-6, 7-5, 6-1, 6-1.
За време на мечот во Париз температурата достигна дури 32 степени Целзиусови, а Синер по натпреварот призна дека физички се чувствувал многу лошо.
„Не се чувствував баш добро на теренот, но тоа се случува. Почнав да чувствувам силна вртоглавица и имав многу малку енергија. Се обидов да сервирам, но немав сила“, изјави италијанскиот тенисер.
При водство од 5-1 во третиот сет, Синер целосно застана и загуби дури 18 гема по ред, што му овозможи на Серундоло да се врати во мечот. Италијанецот потоа побара медицински прекин, но ниту по помошта од докторите не успеа да го пронајде ритамот.
Синер во Париз пристигна со импресивна серија од 30 последователни победи, но таа низа сега беше прекината.
Фото: ROLAND-GARROS