Македонските одбојкарки ги дознаа противниците на Медитеранските игри

Македонската женска одбојкарска репрезентација ќе настапи на Медитеранските игри од 21 август до 3 септември во Италија, а на денешната ждрепка ги дозна противниците.

На турнирот ќе настапат 10 репрезентации, а Македонија е дел од групата Б каде што ќе игра против Турција, Грција, Алжир и Косово, додекаа групата А е составена од Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

Групната фаза е закажана од 23 до 29 август, по што следи елиминацискиот дел, а организаторот наскоро треба да го соопшти деталниот распоред на натпревари.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија