По историската низа во 2024 и 2025 година, Македонија сега е во серија од шест меча без победа
Како резултат на тоа, го освои првото во својата група во Лигата на нации и обезбеди пласман во повисок ранг, но и се избори за бараж за Светското првенство кој потоа заврши неславно. Во таа серија од десет меча без пораз, Македонија оствари седум победи и три пати одигра нерешено, а на пет натпревари по ред не прими гол. Притоа, одигра нерешено со силни репрезентации како Белгија и Велс на домашен терен, а вкупно во тие десет меча, имаше гол разлика 16-3.
Во моментов, ситуацијата е драстично променета и тоа на полошо. Она што го градеше безмалку една година, македонската репрезентацијата го сруши за пет месеци. Сега Македонија е без победа на шест натпревари по ред и на нив оствари четири нерешени резултати и два пораза.
Лошата серија почна уште под водство на Благоја Милевски нсо кого Македонија ги заврши квалификациите за Светското првенство. Ремизираше со Белгија, Казахстан и Летонија, а потоа дојдоа две катастрофи, од Велс на гости со 1-7 и од Данска со 0-4. На вториот меч на клупата беше Гоце Седлоски, исто како и против Ирска кога одигравме без голови. Четири од набројаните шест натпревари беа официјални, квалификациски за Светското првенство, додека оние со Летонија и Ирска беа пријателски.
Вечерва во Сараево, македонската репрезентација ќе се обиде да стави крај на лошата низа и конечно да победи. Последната победа на нашиот национален тим датира од 7 септември 2025 кога во Скопје го победивме Лихтенштајн со 5-0. За разлика од Македонија, селекцијата на БиХ е во серија од шест меча без пораз при што оствари четири победи и два нерешени резултати.