Реал ги реши сите проблеми со Бенфика околу Мурињо, уште Перез да победи...

Последната пречка за враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид е надмината. Според „Ас“, мадридскиот клуб го реши спорот со Бенфика околу отштетата на португалскиот стручњак и сега се чека само исходот од претседателските избори.

Во неговиот договор постои клаузула што му дозволува на Жозе да замине ова лето за 7 милиони евра. Сепак, предметната клаузула истекува оваа недела и нема да биде активирана од Реал, бидејќи Флорентино Перез распиша нови претседателски избори, кои треба да се одржат на 7 јуни. Бенфика објави дека по истекот на клаузулата, ќе бара обештетување во износ од 15 милиони евра, што е еднакво на годишната плата на Португалецот.

Сепак, овој спор беше решен со посредство на менаџерот Жорге Мендеш, кој ја убеди Бенфика да се откаже од повисоките финансиски барања. Еден од големите адути на агентот во оваа насока е фактот дека тој го претставува менаџерот на Фулам, кој е главна цел на португалскиот клуб како наследник на Мурињо. Мендеш се обврза да преговара за поповолни услови за клубот и гарантира дека Марко Силва нема да го обнови договорот со лондонскиот клуб и покрај тоа што имаше таква понуда.

Ова ќе му заштеди време на Реал, а Мурињо би можел да биде претставен како тренер на тимот во рок од три дена од изборите, во случај Перез повторно да победи, што е многу изгледно во овој момент.