Вембањама беше незапирлив: Сан Антонио закажа „мајсторка“ со Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сан Антонио спарс триумфираа со 118-91 против Оклахома сити тандер и обезбедија „мајсторка“ во финалето на Западната конференција.

Сан Антонио го контролираше мечот од самиот почеток, а клучен момент се случи во третата четвртина кога екипата направи серија од 22-0, со што го остави Оклахома без постигнат поен дури осум минути.

Херој во победничката екипа беше Виктор Вембањама, кој доминираше на паркетот и го заврши натпреварот со 28 поени, 10 скокови и три блокади.

Освен него, важна улога на теренот имаа Дилан Харпер со 18 и Стефон Касл со 17 поени, додека на другата страна Шеј Гилџус-Александер запиша 15 поени.

Фото: Facebook/San Antonio Spurs