На повидок скандал: Отворена истрага против ФИФА пред Мундијалот!

Светската фудбалска федерација се најде под сериозен притисок откако властите во Њујорк и Њу Џерси отворија истрага по обвинувањата за вештачко надувување на цените на билетите за претстојното Светско првенство.

Главната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, целиот процес го опиша како голгота од конфузија, лажен недостиг и невозможно високи цени, пренесува британскиот јавен сервис.

Таа најави темелна истрага за однесувањето на ФИФА, а организацијата веќе добила судски налог за доставување информации и интерни документи.

Соопштението беше објавено заедно со главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, како и Одделот за заштита на потрошувачи и работници на градот Њујорк.

Комесарот на ова тело, Самуел Левин, порача дека институциите многу сериозно ќе ги сфатат обвинувањата за очигледно манипулативно однесување и ќе ги испитаат наводите за вештачко пумпање на цените.

Од ФИФА, меѓу другото, било побарано да објасни и зошто билетите достигнале цени повисоки од кое било претходно Светско првенство.

Фото: FIFA