Хулигани направија хаос пред финалето од Лигата на конференции во Лајпциг (ВИДЕО)
На социјалните мрежи се појавија снимки од масовна тепачка во близина на угостителски објект во центарот на градот, каде дошло до пресметка меѓу навивачки групи на англискиот и шпанскиот клуб. Според локалните медиуми, група мажи облечени во црни маици тргнала кон навивачите на Кристал Палас, по што ситуацијата брзо ескалирала во жесток конфликт. Набрзо интервенирала специјалната полиција, која блокирала дел од центарот на Лајпциг и спречила дополнително ширење на нередите. Приведени биле десетици хулигани поради нарушување на јавниот ред и мир.
Областа околу центарот на градот била целосно обезбедена, а специјални полициски единици патролирале низ улиците во пресрет на доаѓањето на уште поголем број навивачи. Финалето ќе се игра на “Ред Бул Арена“, каде што двата клуба добија по 11.500 билети, но германските власти очекуваат илјадници фанови да пристигнат и без влезници.
Поради тоа, безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво, а полицијата стравува од нови инциденти во навивачките зони и околу стадионот во текот на денот.