Винисиус и Рафиња покажале почит кон Нејмар и направиле голем гест!

Нејмар во последен момент беше повикан од Карло Анчелоти за настап на Светското првенство, но информациите од Бразил велеа дека нема да го носи дресот со број 10.
 

Бројот 10 беше резервиран за Винисиус, а како втора опција за тој број беше Рафиња. Нејмар требаше да го носи бројот 13.

Но, Винисиус и Рафиња покажале почит кон нивниот легендарен сонародник и му ја отстапиле десетката.

Нејмар на Мундијалот во Бразил сепак ќе го носи дресот со бројот 10, благодарение на неговите соиграчи.