Неверојатна сцена: Медведев среде натпревар се караше со сопругата (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран на стартот на Ролан Гарос од Адам Волтон (2-3 во сетови), но на натпреварот беше забележана несекојдневна сцена.

Медведев е познат како контроверзен и нервозен тренер, па често знаеше да предизвика инцидент, а денеска се скара и со сопругата Дарија.

Русинот се пожали на жешкото време во Париз, а на тоа сопругата му кажа да се однесува пристојно, но Медведев не остана должен.

„Кога ќе почнам да го испраќам топчето во терен, тогаш ќе почнам да се однесувам пристојно“, ѝ кажа Медеведв на сопругата.