Хаосот во Милан траел со месеци: Ибрахимовиќ и Алегри се степале во ресторан!?
Главна причина за распадот на „росонерите“ на крајот на сезоната бил односот меѓу Златан Ибрахимовиќ и Масимилијано Алегри, кои се степале во ресторан.
Новинарката на „Кориере дела Сера“, Моника Коломбо објави дека тензиите во клубот влијаеле врз резултатите и на крајот морала да биде донесена конечна одлука, при што Алегри доби отказ.
Коломбо открива дека Ибрахимовиќ и Алегри се судриле во ресторан, а морал да интервенира и Игли Таре за да спречи уште посериозен инцидент.