Хрватски третолигаш продаде фудбалер за - два милиони евра!
Белгискиот тим за младиот и талентиран Карлос Мејие реши да плати два милиони евра, откако фудбалерот оваа сезона настапи на 26 меча за Кустошија и се покажа како еден од најважните играчи на тимот.
Кустошија е клуб кој привлекува внимание во последните години со големиот број трансфери, и тоа сите со милионска отштета, а меѓу нив се Микаило Фаје во Барселона, Родолфо Алока во МЛС-лигата и Дино Клапија во Лајпциг.
Фото: NK Kustošija Zagreb/Facebook