Сензационална размена на повидок: Конте во Милан, Алегри во Наполи?

Антонио Конте е минато за Наполи, наскоро се очекува истата судбина да ја доживее и Масимилијано Алегри од Милан, а веќе почнаа шпекулациите во врска со нивната иднина.

Најинтересна е најавата од Кориере дело спорт кој тврди дека е голема веројатноста двајцата стручњаци да си ги сменат клубовите. Наводно, последните недели, откако во Наполи дознале дека Конте си оди, директорот Џовани Мана почнал преговори со Алегри за преземање на тренерската позиција. Од друга страна, во Милан сметаат дека Конте е идеалниот човек за ревитализација на тимот во овој момент откако „росонерите“ повторно не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите.

Алегри има шест титули во Серија А, но пет од нив со Јувентус, од 2015 до 2019 година, додека во вториот мандат во клубот освои само еден Куп. Конте има пет трофеи, три со Јувентус и по еден со Интер и Наполи, па би можел да се обиде истиот успех да го оствари со уште еден славен италијански клуб.