Гатузо си го погази зборот - брзо најде нов клуб во Италија!

Џенаро Гатузо не се придржуваше на она што го изјави кога стана селектор на Италија, наскоро ќе биде промовиран како нов тренер на гигант од Серија А.

Кога стапи на селекторската функција Гатузо рече дека ако не ја пласира Италија на Светското првенство, ќе се сокрие некаде подалеку од својата земја и долго време нема да се појави.

Но, не само што не замина од Италија, туку само неколку месеци по дебаклот тој води преговори за нова тренерска работа во Серија А.

Информациите оттаму велат дека Гатузо е во напредни преговори со Лацио и наскоро ќе биде назначен за тренер на овој тим.