Наполи ја потврди разделбата со Конте!
Разделбата беше потврдена на заедничка прес конференција со претседателот Аурелио Де Лаурентис, со што заврши еден период исполнет со големи очекувања, трофеи и силни емоции. Исто така, клубот објави кратка благодарност до тренерот.
Конте го презеде тимот во момент кога Наполи беше далеку од борбата за врвот во Серија А, но успеа брзо да ја промени ситуацијата. Во својата прва сезона му ја донесе шампионската титула на клубот, додека оваа година неаполскиот состав заврши на второто место во првенството.
Италијанскиот тренер низ кариерата остави силен печат во европскиот фудбал водејќи ги Јувентус, Интер, Челзи и Тотенхем, а одреден период беше и селектор на Италија. Конте важи за еден од најдобрите мотиватори меѓу тренерите и човек кој речиси секогаш успева брзо да создаде конкурентен тим.
Наполи во наредниот период ќе мора да избере нов предводник, додека медиумите во Италија веќе шпекулираат со можните нови дестинации за Конте.