Хорор во Крагуевац: Изборија опстанок, па беа претепани од – сопствените навивачи (ВИДЕО)

Хаотични и насилни сцени се случија во Крагуевац по натпреварот од последното коло во српската Суперлига меѓу Раднички и Јавор (2-2), по кој домаќинот обезбеди опстанок во лигата.

Наместо прослава, по завршувањето на средбата дел од домашните навивачи упаднале на теренот, фрлале факели и физички ги нападнале фудбалерите. Според извештаите, најтешко поминал играчот од средниот ред Милош Ристиќ, кој добил расекотина на усната и неколку удари во лицето.

Во инцидентот биле повредени и неколку од африканските фудбалери на Раднички, а ситуацијата дополнително ескалирала кога дел од играчите, заедно со членови на стручниот штаб, возвратиле на нападите за да се одбранат. Во конфликтот се истакнал и најискусниот член на тимот, Милан Митровиќ, а поддршка им пружиле и дел од останатите присутни на стадионот.

Во српската Суперлига во понизок ранг испаѓаат ТСЦ Бачка Топола, Јавор, Спартак Суботица и Напредак.