Одредено каде ќе се играат баражите за Втората лига – еден во Скопје и три на Исток!

По ждрепката со која беа одредени четирите двојки, сега е познато и каде ќе се водат клучните битки за место во второлигашката конкуренција.

Каменица Саса и Еуромилк ГЛ ќе играат во Кратово, Кожув и Борец ќе се сретнат на Градскиот стадион во Кочани, додека Победа Валандово против Камјани ќе се игра во Штип. Трите мечеви ќе се одиграат на 30 мај, додека последниот бараж-меч е закажан за 31 мај, кога на стадионот во Ѓорче Петров ќе се соочат Тетекс и Влазними.

Почетокот на сите четири натпревари е закажан за 16.30 часот.