Бразилски голман се онесвести од радост кога слушна дека ќе игра на СП 2026 (ВИДЕО)

Емотивните сцени од домот на бразилскиот голман Вевертон (38 години) станаа хит на социјалните мрежи, откако буквално се онесвести од среќа кога го слушна своето име на списокот на селекторот Карло Анчелоти за претстојното СП 2026.

Чуварот на мрежата на Гремио ја следеше прес-конференцијата со своето семејство, кога доживеал емотивен шок кога го слушна своето име. Тој падна на подот и изгуби свест, додека останатите во првиот момент дури и не забележаа што се случува поради еуфорија. За среќа, набрзо се освести и продолжи да слави со најблиските, а видеото од целиот момент експресно се прошири низ социјалните мрежи.

Вевертон ќе биде трет голман на Бразил зад Алисон Бекер и Едерсон, па тешко е да се очекува поголема минутажа на турнирот. Сепак, самиот повик за Мундијалот претставува огромно признание за ветеранот. Ова нема да биде негово прво големо натпреварување во националниот дрес. Вевертон настапи и на СП 2022 година, кога доби шанса во финишот од осминафиналниот натпревар против Јужна Кореја. Досега има вкупно 10 настапи за бразилската репрезентација.