Карвахал по 23 години се збогува со Реал Мадрид, ниту Перез не остана рамнодушен!

Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал по 23 години од кои 13 во првиот тим си заминува од од клубот, потврдија „кралевите“ преку социјалните мрежи. 

Во во збогувањето со Карвахал го истакна како една од најголемите легенди на клубот и светскиот фудбал. Карвахал е еден од само петтемина фудбалери во историјата кои освоиле шест титули европски шампион, а беше дел од генерацијата што го одбележа еден од најуспешните периоди во историјата на клубот.

Карвахал во Мадрид пристигна во 2002 година и го носеше дресот на клубот 23 сезони, десет години во младинската школа и 13 години во првиот тим. Во тој период освои 27 трофеи: шест европски титули, шест светски клупски првенства, пет европски суперкупа, четири шампионски титули во Шпанија, два шпански купа и четири трофеи во Суперкупот на Шпанија.

Од капитенот се прости и претседателот на клубот, Флорентино Перез, кој ја истакна неговата важност за Реал Мадрид.

„Дани Карвахал е легенда и симбол на Реал Мадрид и на нашата младинска школа. Неговата фотографија со нашиот сакан и незаборавен Алфредо  засекогаш ќе остане во срцата на сите навивачи и во историјата на клубот. Карвахал секогаш ги претставуваше вредностите на Реал Мадрид. Ова е и секогаш ќе биде негов дом“, изјави Перез.

Фото: Real Madrid C.F