По освоената титула падна и најважниот потпис во Барса

Eкипата на Барселона и официјално потврди дека германскиот стратег, Ханси Флик ставил потпис на нов договор.

Флик откако пристигна во Барселоа во 2024 година успеа да освои пет од можни шест домашни титули, а не го освои само шпанскиот куп оваа година, па така и продолжувањето на соработка е очекувано.

Новата соработка на Флик со Барселона е со важност до 2028 година со опција истата да биде продолжена на уште една година.

Пред доаѓањето на клупата на Барселона, Флик работеше во Баерн и германската репрезентација.

Фото: Barcelona FC