Најголемата ѕвезда на ПСЖ е неизвесна за финалето од ЛШ!

Шпанскиот тренер и предводник на ПСЖ, Луис Енрике би можел да се соочи со проблем, најголемата ѕвезда на францускиот клуб, Осман Дембеле е неизвесен за финалето од Лигата на шампионите.

Дембеле се здоби со повреда во натпреварот против Париз кога и мораше да биде заменет, но и покрај тоа се мачи со повреди во текот на целата сезона. Во вчерашниот дуел против градскиот дуел одигра само 27 минути.

Енрике по дуелот не откри многу истакнувајќи само дека тој е оптимист за неговата состојба. Финалето во кое ќе ја бранат европската титула против Арсенал е закажано за 30 мај.

Нема дилеми дека отсуство на Дембеле би бил сериозен удар за гигантот од Париз. Сезонава Дембеле настапи вкупно на 39 натпревари во кои постигна 19 гола и подели 11 асистенции.

Фото: PSG