Звезда во проблем, Станковиќ може да го наследи Рафа Бенитез?
Станковиќ со Звезда во Србија дојде до двојна круна и раководството на српскиот клуб сака да го задржи, сепак понуда од Панатинаикос би можела да го натера српскиот стратег да размисли.
„Дејан Станковиќ се наоѓа меѓу кандидатите за клупата на Панатинаикос. Во клубот сериозно се разгледува профил кој одговара на амбициите на тимот, а токму поранешниот ас на Интер е едно од имињата што во моментов се во фокусот. Станковиќ зад себе веќе има сериозно тренерско искуство. Оваа сезона ја освои двојната круна со Црвена звезда, а вкупно откако го презема клубот стигна до три титули шампион и два национални купа“,
Беше успешен и во Унгарија, каде со Ференцварош ја освои шампионската титула, а претходно работеше и како помошник тренер во Интер, што дополнително му ја зголеми репутацијата во европскиот фудбал“, пишува грчката „Нова спорт“.
Но, јасно е и дека нешто се прашува и Звезда бидејќи Станковиќ со белградскиот гигант има договор до јуни 2028 година.