Холанѓанка ја запре Ѓорческа на стартот од квалификациите за Ролан Гарос

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа беше поразена на стартот од квалификациите за Ролан Гарос и тоа со 2-0 (6-3, 6-4) од Сузан Леменс од Холандија.

Леменс која е 129. Тенисерка во светот важеше за фаворитка против Ѓорческа (191. место), но македонската претставничка прикажа борба и не се предаде лесно.

Во првиот сет и двете тенисерки беа сигурни на свој сервис, а на крајот Холанѓанката го доби со 6-4, во вториот Ѓорческа дојде до еден брејк, меѓутоа не беше доволен затоа што трипати го загуби својот сервис, па Леменс славеше победа.

Холандската тенисерка до победата дојде за еден час и девет минути игра.