Баерн Минхен испука „петарда“ за крај, Штутгарт обезбеди место во ЛШ (ВИДЕО)

Денеска беше одиграно последното коло од Бундес лигата, при што Баерн Минхен победи со 5-1 против Келн, а Штутгарт со реми против Ајнтрахт Франкфурт го фати „последниот воз“ за Лигата на шампиони (ЛШ).

Хари Кејн постигна хет-трик против Келн, додека останатите два гола беа дело на Бишоф и Џексон во самата завршница. Единствениот гол за гостинскиот тим го постигна Ел Мала.

Борусија Менхенгладбах со 4-0 го декласира Хофенхајм и со тоа му ги скрати надежите за место во топ-4, додека Штутгарт ремизира на гости кај Франкфурт (2-2).

Останати резултати:

Баер Леверкузен – ХСВ 1-1
Сент Паули – Волфсбург 1-3
Унион Берлин 4-0
Вердер Бремен – Борусија Дортмунд 0-2

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/FC Bayern München