Иран дефинитивно оди во САД, го претстави дресот со кој ќе игра (ФОТО)

Фудбалерите на Иран и дефинитивно ќе играат на Мундијалот ова лето, а тоа стана сосема јасно откако беше претставен дресот со кој ќе настапат, а исто така селекторот го објави и списокот на фудбалери.

На официјалното претставување во Техеран, каде што навивачите ја испратија репрезентацијата пред заминувањето на подготовките, Иран го откри првиот дрес за Светското првенство, а во преден план се најде гепардот.

Иако ФИФА строго забранува политички пораки на дресовите, овојпат беше одобрена симболика поврзана со заштита на животната средина и загрозените животински видови.

На долниот десен дел од предната страна на дресот се наоѓа мотив на азискиот гепард, едно од најзагрозените животни во светот. Иран ја испрати истата порака и на Светското првенство во 2014 година, кога исто така се обидуваше да ја подигне свеста за заштита на овој вид. Исто така дизајнот е многу сличен на оној што Иран го носеше на Мундијалот 2022 година.

Покрај самиот гепард, посебно внимание привлекуваат и ракавите на кои се наоѓа шема инспирирана од дамките на гепардот.

СПИСОКОТ НА ФУДБАЛЕРИ: