Вардар ќе игра во три од четирите младински Куп финалиња!
Црвено-црните се пласираа во куп финалињата на три младински категории, ќе се борат за пехарите во конкуренција на кадети, помлади пионери и пионери.
Во полуфиналето кај младинците Брера со 8-0 го прегази Пелистер, а Шкупи со 3-2 беше подобар од Вардар.

Кај кадетите, Вардар со убедливи 4-1 беше подобар од Брера, а Пелистер со 2-0 славеше над Њу Старс.

Финални натпревари во младинските категории:
Младинци: Брера - Шкупи
Кадети: Вардар - Пелистер
Помлади пионери: Вардар - Пелистер
Пионери: Вардар - Македонија ЃП