„Тројка“ на Сити за зголемување на притисокот врз Арсенал (ВИДЕО)
Иако се очекуваше тежок натпревар, тимот на Пеп Гвардиола доминираше во сите аспекти и заслужено стигна до убедливиот триумф. Семенјо и Мармуш погодија во првото полувреме, а Савињо го постави конечниот резултат на шест минути пред крајот.
Со оваа победа Сити има подобра гол разлика во однос на Арсенал (43-42), но заостанува два бода и потребен му е кикс од „топчиите“ во последните две кола. Во нив се чини дека Сити има потежок распоред бидејќи во текот на викендот гостува кај незгодниот Борнмут кој се бори за пласман во европските купови, а потоа ја пречекува Астон Вила, додека Арсенал на домашен терен игра со испаднатиот Барнли, а потоа гостува кај Кристал Палас кој нема апсолутно никаков мотив.