Англија „гори“: ВАР го реши шампионот во Премиер лигата!? (ВИДЕО)

Арсенал славеше во лондонското дерби против Вест хем со 1-0, но по натпреварот се зборува за ВАР-одлуката во судиското надополнување кога на „чеканите“ им беше поништен гол за израмнување.

Дел од англиската јавност смета дека оваа ВАР-одлука го реши прашањето за шампион во Премиер лигата, затоа што Арсенал со оваа победа му избега на Манчестер сити на пет бодови предност, со тоа што „граѓаните“ имаат одиграно еден натпревар помалку.