Кузмановски: Пред полна сала со ладни глави да ја одведеме Македонија на уште еден Мундијал!
Кузмановски е задоволен од тоа што според него поголем дел од репрезентативците играат во добра форма.
„Голем дел од ракометарите се во добра форма и најважно е сите да сме здрави и спремни за тој двомеч со Словачка. Ниту еден противник не може да потцените, секоја репрезентација денес игра ракомет и можни се изненадување. Имаме краток период да се подготвиме и да го покажеме нашиот квалитет за дојдеме и до две победи. Историјата покажува колку натпреварувања имаме во низа и оваа генерација заслужува уште едно големо натпреварување.
Посака и уште еднаш публиката да ја даде својата поддршка.
„Ќе го дадеме максимиумот на гости и потоа очекуваме пред полн „Борис Трајковски“, како и секој натпревар во кој имаме голема поддршка. Таа подршка и ја заслуживме со нашата добра игра и резултати, па со натрпение ги чекаме двата натпревари.
Не сме многу добро запознаени и ние како репрезентација со Словачка, денеска ни е прв ден. Познавам два до три нивни репрезентативци. Можеби е изненадување тоа што ја победија Украина, нас ни беше тешко против нас во пријателскиот натпревар против нив. Затоа како што кажав не треба да ја потцениме Словачка и со ладни глави и полн фокус да избориме уште едно големо натпреварување.
Првиот натпревар во Прешов се игра на 14 мај, додека реваншот е закажан за 17 мај, двата дуели се играат во терминот од 19:00 часот.