Луковиќ емотивно се збогува со Куманово: Засекогаш останувате во моето срце!
За него ова беше четврти настап за кумановскиот клуб, во кој првпат дојде во веќе далечната 2012 година. Тој веќе има 36 години, се наоѓа во завршната фаза од кариерата, а засега останува неизвесно дали ќе продолжи да игра за друг клуб или ќе одлучи да стави крај на професионалното играње. Сепак, јасно е дека во следната сезона повеќе нема да го носи дресот на Куманово. Србинот не ги криеше емоциите кон клубот и навивачите.
„Овој клуб за мене никогаш не бил само место каде што се игра кошарка. Ми беше втор дом, семејство, дел од животот што ме обликуваше и како играч и како човек. Секој тренинг, секој меч, секоја победа и пораз, сето тоа ќе го носам засекогаш со мене. Благодарност до соиграчите на борбата, смеата, на сето она што го минавме заедно. Благодарам на тренерите за поддршката, а посебно благодарам до навивачите – вашата енергија, љубов и верност е нешто што не се заборава. Го носевте тимот кога беше најтешко. Заминувам со огромна гордост што бев дел од оваа приказна. Куманово засекогаш останува во моето срце“, порача Луковиќ.
Доминантниот центар кариерата ја почна пред речиси две децении во белградски ФМП, кулминација му беше сезоната мината во Партизан, а во Македонија уграше уште и за Кожув и за МЗТ Скопје.