„Валверде го удри и Модриќ, тој е опасен тип“
Според информациите, Французинот го нокаутирал Валверде до тој степен што Уругваецот поради повредите на лицето ќе го пропушти утрешното „Ел Класико“ во Барселона.
Таа ситуација практично е кулминација на токсичната атмосфера која со недели владее во Реал и која би можела да резултира со распад на соблекувалната. Како што обично се случува во вакви ситуации, на површина излегуваат и некои други детали, па така Инаки Ангуло, најследениот јутјубер кој навива за Реал, откри нешто непознато досега.
„Проблемите на Валверде датираат многу одамна. Минатата година го удри Лука Модриќ на тренинг. Зборуваме за опасен тип, неспособен за живот во општеството“, изјави Ангуло.
За ситуацијата во Реал Мадрид пред утрешното Ел Класико денеска зборуваше и тренерот Арбелоа кој најголемо разочарување изрази поради протекувањето на информациите до медиумите.
Фото: Real Madrid CF/X