Aрбелоа: Тоа што се случи е предавство на Реал Мадрид!

Реал Мадрид минува низ турбулентен период и по физичката пресметка меѓу Чуамени и Валверде денеска следуваше и прес-конференција на која тренерот Арбелоа не криеше дека е вознемирен од тоа што во медиумите излегуваат информации од соблекувалната.

Арбелоа застана во одбрана на своите фудбалери и го осуди протекувањето информации од соблекувалната како „предавство на клубот“, обидувајќи се да ја „смири топката“ пред утрешното „Ел Класико“.

„Морам да кажам две работи. Прво, многу сум горд на одлучноста, брзината и транспарентноста на клубот. Второ, горд сум што играчите ја признаа грешката, покажаа каење и се извинија. За мене тоа е доволно „Она што нема да го направам е јавно да ги осудудам затоа што не го заслужуваат тоа. По сè што ми покажаа во овие четири месеци и во изминатите години, знам дека разбираат што значи да се биде играч на Реал Мадрид. Валверде и Чуамени заслужуваат да свртиме нова страница“, изјави Арбелоа.

Тој нагласи дека е „апсолутна лага“ дека играчите покажале непочитување кон него или дека не се професионалци. Арбелоа особено остро го осуди објавувањето на интерни детали од соблекувалната.

„Да бидам целосно јасен: протекувањето информации за тоа што се случило во соблекувалната го сметам за предавство на Реал Мадрид. Предавство на овој грб. Тоа е нелојалност“, порача Арбелоа.

Сепак одби да посочи виновници.

„Не работам во ЦИА ниту нешто слично. Не ги обвинувам моите играчи, ниту било кој друг. Во Реал Мадрид работат многу луѓе и не сум тука за да вперувам прст кон некого“, изјави Арбелоа.

Реал Мадрид натпреварот против Барселона го игра утре во терминот од 21:00 часот, каталонскиот гигант има прилика со победа во овој дуел и математички да ја обезбеди титулата.

Фото: Real Madrid CF