Лос Анџелес тагува – дојдоа лоши вест за Лука Дончиќ и за Лејкерси!
Ова е веќе деветти плејоф натпревар што Словенецот го пропушта оваа сезона, по повредата на задната ложа од втор степен што ја заработи на 2 април. Иако започнал со лесно трчање, сè уште нема дозвола за целосен контакт на тренинзите.
„Работам сè што можам. Секој ден го правам тоа што треба. Сега сум во фаза на опоравување и тренинг. Лекарите на почетокот рекоа осум недели, па одиме ден по ден и секој ден се чувствувам подобро“, изјави Дончиќ.
Според спортскиот лекар Џес Морс, се работи за сериозна повреда на задната ложа, односно делумно кинење на мускул, што може да го држи надвор од терените уште една до две недели. Тоа значи дека постои голема веројатност да ја пропушти целата серија против Оклахома. Слично мислење пренесе и новинарот Брет Сигел, кој истакна дека сè потешко е да се замисли враќање на Дончиќ во оваа серија.
ФОТО: Instagram / lukadoncic