Драма во Каунас: Фенербахче се пласира на Ф4 во Евролигата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Фенербахче триумфираа со 94-90 против Жалгирис во спектакуларен натпревар во Каунас и се пласираа на завршниот турнир во Евролигата.

Фенербахче го доби првото полувреме со 47-42, додека Жалгирис успеа да ја врати неизвесноста и да го внесе натпреварот во возбудлива завршница, по што двете екипи изборија продолженија каде што подобар беше турскиот гигант со вкупни 94-90.

Франциско беше најефикасен во редовите на Жалгирис со 23 поени, два скокови и 11 асистенции, додека Бирч блесна во победата на Фенербахче со 21 поен и 13 скокови.

Фото: Facebook/Fenerbahçe Beko