Пелистер го истури бесот врз Бутел - му даде 38 гола!

Ракометарите на Пелистер денеска триумфираа со 38-28 против Бутел во 30. коло од плејофот во македонската Суперлига, и тоа само еден ден по поразот од Вардар (19-34).

Битолчани играа со изменет состав против Бутел, но и покрај тоа доминираа на теренот, па во воведниот дел од натпреварот создадоа предност од 10-5, која до крајот на првото полувреме достигна +10 (22-12).

Пелистер ја контролираше играта и во второто полувреме, односно не му дозволи на Бутел да го загрози нивното водство, а на крајот битолчани се радуваа со 38-28.

Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Кузмановски и Петар Атанасијевиќ со по осум голови, додека Тодор Узунчев постигна осум погодоци за Бутел.

Во осмото коло од плеј-аутот, Пролет славеше против Радовиш со 37-29.