Каков човек: Енрике ги повикал сите фудбалери на роденден, а тој не се појавил!

Откако обезбедија пласман во големото финале на Лигата на шампионите, фудбалерите на ПСЖ имаат многу причини за славје. Атмосферата во соблекувалната на „светците“ е на највисоко ниво, а француските медиуми откриваат дека за тоа најзаслужен е тренерот Луис Енрике.

Како што објави „Ле Паризиен“ шпанскиот стратег по повод својот роденден решил да го почести целиот тим. Енрике резервирал ВИП маси во луксузниот париски ресторан „Пруниер“ и ги поканил сите фудбалери на ПСЖ на свечена вечера за заеднички да го прослават големиот успех и пласманот во финалето на Лигата на шампионите.

Но, кога ѕвездите на ПСЖ пристигнале во ресторанот, ги чекало вистинско изненадување, славеникот воопшто не се појавил. Според француските медиуми, Енрике намерно одлучил да не биде таму, со цел да ги остави своите фудбалери сами да се забуваат без присуство на тренерот.

Идејата била тимот дополнително да го зацврсти заедништвото пред најважниот натпревар сезонава, без чувство дека „шефот“ ги гледа.

Овој необичен потег уште еднаш покажува зошто Енрике важи за еден од најдобрите менаџери во Европа и човек кој одлично ја контролира атмосферата во соблекувалната. Играчите добиле вечер за уживање и релаксација, а сметката, секако, ја платил шпанскиот стратег.

Финалето во Лигата на шампионите во кое ќе играат против Арсенал е закажано за 30 мај во Будимпешта.