Два гиганти се во игра, Левандовски си кажал колку пари сака за да се пресели во Италија
Од Италија полскиот голгетер се поврзува со екипите на Милан и Јувентус кои наводно сакаат да го доведат ова лето.
Според „Кориере дело Спорт“, агентот на Левандовски, Пини Захави, во изминатите недели се сретнал во Италија со претставници на Јувентус и Милан, а покрај Полјакот го понудил и својот друг клиент, дефанзивецот на Реал Мадрид , Давид Алаба.
Договорот на Левандовски со Барселона истекува во јуни, а засега не е познато дали соработката ќе биде продолжена. Истиот извор наведува дека Јувентус е подготвен да му понуди плата од седум милиони евра, сума која ќе ја заработува и Кенан Јилдиз.
Ќе потсетиме, Јувентус е сериозно заинтересиран и за ангажман на крилниот напаѓач на Манчестер сити, Бернардо Силва, кој во јуни ќе ја напушти Англија.