Бизарно: ФИФА не му дозволува на најдобриот голман во ЛШ да настапи на СП 2026!

Статистички најдобриот голман во Лигата на шампионите (ЛШ) оваа сезона, Никита Хаикин, наводно добил негативен одговор од Светската фудбалска федерација (ФИФА) за настап за селекцијата на Норвешка на претстојното СП 2026 во САД, Мексико и Канада.

Според норвешките медиуми, ФИФА го одбила барањето за промена на спортското државјанство поради проблем со правилото за непрекинат престој во земјата. станува збор за голман кој сезонава блескаше на европската сцена. Чуварот на мрежата на Бодо Глимт имаше неверојатни 68 одбрани на 12 натпревари во Лигата на шампионите – најмногу од сите голмани во натпреварувањето.

Хајкин доби норвешко државјанство во април и веднаш поднесе барање да го смени спортскиот пасош од руски во норвешки, но проблем создал неговиот краток престој во Бристол сити во 2023 година. Според правилата на ФИФА, за играч што се преселил по 18. година потребни се најмалку пет непрекинати години престој, а трансфер во клуб од друга федерација го прекинува тој континуитет.

Од Норвешката фудбалска федерација потврдија дека разговорите со ФИФА продолжуваат, но засега без конкретен исход.

ФОТО: FB / Fotballklubben Bodø/Glimt