Лион го уништи Рен во битката за место во ЛШ
Тамари во шестата минута погоди за предност на Рен, но Лион со головите на Јаремчук и Толисо го сврте резултатот во своја корист (2-1) до крајот на првото полувреме.
Рен на стартот на вториот дел успеа да израмни на 2-2, но потоа Лион со погодоците ан Мореира и Ендрик ги постави конечните 4-2.
Лион по 32 одиграни меча има 60 бодови на третата позиција, додека Рен се наоѓа на петтото место со 56 поени.
Фото: Facebook/Olympique Lyonnais - OL