По Вардар, на охриѓани им честиташе и Пелистер!

Охрид вчера се пласира во финалето на ЕХФ Европскиот куп, по што најпрво пристигна честитка од Вардар, а сега за успехот им честиташе и актуелниот ракометен шампион Пелистер.

Пелистер преку социјалните мрежи им го честиташе пласманот во финале на „гладијаторите“.

„Секој успех на клуб од Македонија е успех за ракометот во Македонија! Честитки РК Охрид“, објави Пелистер.

Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid