Потег за респект на Вардар, му честиташе на Охрид (ФОТО)

Eкипата на Охрид вчера по пенал-драма се избори за финале во ЕХФ Европскиот куп, а по овој подвиг на охриѓани честитка стигна од еден од најголемит ривали.

Имено, Вардар преку социјалните мрежи го честиташе пласманот во финалето на охриѓани и порача дека ова е уште еден голем момент за македонскиот спорт.

„Пласманот во едно европско финале е потврда за квалитет, посветеност, работа и верба, а воедно и гордост за сите што го следат и сакаат ракометот во Македонија. На ГРК Охрид му посакуваме многу среќа во финалето на Купот на ЕХФ, достоинствен настап и уште еден голем момент за македонскиот спорт. Кога македонски клуб испишува европска приказна, тоа е успех што заслужува аплауз. Честитки за РК Охрид“, стои во објавата на Вардар.

Ќе потсетиме, Охрид во финалето против Татабања ќе игра и за трофејот да остане во Македонија, бидејќи лани ова натпреварување го освои Алкалоид.