Судии во БиХ се појавија во речиси идентична опрема како една од екипите (ВИДЕО)

На босанските фудбалски терени во вчерашниот натпревар помеѓу Рудар и Посусшје видовме сцена каква што не се гледа често.

Имено, судиите на теренот имаа речиси идентична опрема како домаќините. Сцената беше збунувачка за гледачите, но веројатно проблеми имаа и фудбалерите на теренот кои лесно можеа да помислат дека се работи за член на домашната екипа.

Инаку, судиите во БиХ имаат и црна опрема која претходно ја користеа во домашните натпревари на Рудар, меѓутоа сега од некоја причина беа речиси идентични. На крајот домаќинот сепак и во таква ситуација славеше победа од 3-2.