Брера и Арсими бркаат гостински бодови за опстанок!
Двата натпревари се многу важни за гостите, за разлика од домашните екипи кои се стабилни на табелата со обезбедена позиција која не може значително да се промени до крајот на сезоната.
Арсими е во подобра позиција, имаат пет бода над опасната зона, па со евентуален денешен триумф кај Тиквеш, веќе би можеле да се радуваат на опстанок иако тој уште нема да биде официјален.
Брера сака да излезе од позициите кои водат бараж, но уште се блиску и до местата кои директно водат во Втората лига.
Тие денеска ѝ гостуваат на Струга која врза две победи по ред и ќе се обиде да ја продолжи таквата низа и на денешниот натпревар. Формата на Брера не може да радува, загубија на последните два меча, а не знаат за победа веќе на четири натпревари.
Двата денешни натпревари почнуваат од 16 часот.