Во Шалке на балкански начин се славеше промоцијата, главен беше - Един Џеко! (ВИДЕО)

По две години Шалке се врати во Бундеслигата, синоќа со победата од 1-0 над Фортуна Дизелдорф и официјално го заверија местото меѓу најдобрите во Германија.

Славјето по успехот беше големо, а откако се испразни стадионот, фудбалерите и стручниот штаб продолжија да слават на стадионот во Гелзенкирхен.

Славеничката фешта беше во знакот на Босна и Херцеговина, главен беше Един Џеко, а тука беа и тренерот Мирон Муслиќ како и стоперот Никола Катиќ.

Џеко и Катиќ беа главни на прославата, пуштаа песни од Халид Бешлиќ. Песна која беше и заштитен знак на Босна и Херцеговина при пласманот на Светското првенство.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edin Dzeko (@edindzeko)