Толку од него: По 214 натпревари веќе нема да игра за Реал поради Арбелоа

Дани Себаљос повеќе нема да игра за Реал Мадрид поради лошиот однос и непочитувањето кое го почувствувал од тренерот Алваро Арбелоа, пишуваат шпанските медиуми.

И претходно се пишуваше дека „тешкашите“ во соблекувалната, како Дани Карвахал и Себаљос, не се задоволни од третманот кај Арбелоа, што е една од причините поради кои сакаат да заминат.

На Карвахал му истекува договорот на 30 јуни, па неговото заминување е речиси извесно, додека Себаљос има уште една година од договорот, но сака да си замине веќе ова лето поради минималната минутажа.

Пред натпреварот против Еспањол, Арбелоа зборуваше на оваа тема.

„Нема јавно да водам никакви дебати ниту да ги откривам односите со играчите. Првото нешто што го научив од ветераните кога дојдов како играч во Реал Мадрид е дека сè што се случува во соблекувалната, останува во соблекувалната“, изјави Арбелоа.

Себаљос во Реал Мадрид пристигна од Бетис во летото 2017 година, по што беше испратен на позајмица во Арсенал, а се врати во клубот во летото 2021 година.

Фото: Real Madrid C.F