Комедија во Франција: Судија нацрта линија за фудбалерите да не му се доближуваат (ВИДЕО)
Ленс поведе во 60. минута со голот на Алан Сен-Максимен, но во 81. минута остана со играч помалку по исклучувањето на Сауд Абдулхамид. Ница го искористи тоа и тргна по израмнување. До него стигна со погодокот на Али Абди во 84. минута, но тогаш се вклучи ВАР.
Судијата Томас Леонард сигнализираше дека ќе ја проверува регуларноста на голот, што предизвика голема нервоза кај фудбалерите од двете екипи, кои веднаш го опколија.
Токму во тие моменти, Леонард се сети на необичен начин како да воспостави ред. Го извади спрејот кој вообичаено се користи за означување дистанца при жив ѕид и повлече линија која играчите не смееја да ја преминат.
Кога француските телевизиски коментатори сфатија што прави судијата, започнаа да се смеат, а ситуацијата стана вистински хит и на социјалните мрежи.
L1 The referee in the match between Nice & Lens...