Алекс Фергусон хоспитализиран откако му се слошило пред дербито на Олд Трафорд
Поранешниот менаџер на „ѓаволите“ планирал да го гледа големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но не се чувствувал добро. Засега нема детални информации за неговото здравје, освен дека е свесен и дека е однесе в болница поради превентива.
Не е првпат Шкотланѓанецот да има здравствени проблеми, откако доживеа мозочен удар во 2018 година. Извештаите сугерираат дека најновиот проблем не е поврзан со тоа.