Растодер се закити со титулата во швајцарското првенство
Тун синоќа загуби од Базел со 1-3, но денеска доби подарок од Сион кој како гостин го совлада Сент Гален со 3-0 и на три кола пред крајот на сезоната има недостижни 11 бода предност. Така, клубот од градот со околу 40 илјади жители се запиша во историјата на швајцарскиот фудбал и го освои првиот трофеј воопшто во своето постоење.
Интересно е што иако никогаш не бил шампион на Швајцарија, Тун играл во Лигата на шампионите. Во сезоната 2005/06, се квалификуваше како второпласиран во домашното првенство, а преку Динамо Киев и Малме стигнал до групната фаза, каде го освои третото место во групата со Арсенал, Спарта Прага и Ајакс.
Точно 20 години подоцна, Тун повторно ќе се квалификува за Лигата на шампионите. И тоа ќе биде незгодна мина за сите бидејќи ќе почне од второто квалификациско коло и како тим во неповолна положба!
Со титулата се закити и македонскиот репрезентативец Елмин Растодер кој пред две години дојде во Тун од Грасхоперс. Лани му помогна на тимот да избори пласман во елитата, а сезонава со 13 гола беше најефикасен играч во екипата и четврти стрелец во лигата.